Проблеми со срцето и тироидната жлезда: Јелена Розга за нејзината здравствена состојба

фото:instagram

Пејачката Јелена Розга пред неколку години откри дека има здравствени проблеми, а сега по подолгиот медиумски молк проговори за нејзината моментална здравствена состојба.

Популарната пејачка пред неколку години откри дека одредени здравствени проблеми настанале поради нејзината преголема желба за перфекционизам.

Откако со денови барала помош од лекар бидејќи чувствувала дека нешто не е во ред, на Јелена ѝ била дијагностицирана тахикардија - аритмија на срцето која се манифестира како забрзано чукање на срцето.

- Срцето ми чукаше толку многу што се исплашив и мислев дека само ќе колабирам. Се разбудив уморна, постојано се чувствував уморна и слабеев. Отидов на лекар и ми беше дадена дијагноза. Набрзо почнав да земам лекови – изјави неодамна пејачката.

Бидејќи овој пат повторно е во центарот на вниманието поради новата песна, Јелена ја прокоментира нејзината здравствена состојба.

Таа истакнува дека за време на пандемијата на коронавирусот научила да каже „не“ и дека нејзината здравствена состојба ја принудила на тоа.

- Повеќе не сум под голем стрес. Не брзам, особено кога е работата во прашање. Подобро се грижам за своето здравје, повеќе го ценам слободното време, знам да кажам не. Го научив и тоа. Морав поради моето здравје. Едноставно морав затоа што имам проблеми со срцето и тироидната жлезда и веќе не кријам. Апсолутно веќе немам тироидна жлезда, па си реков: „Доста е сега, ајде малку и да уживаме“ – изјави Розга за RTL.

Розга рече дека спие помирно откако човекот кој ја демнеше доби судска казна.

- Мислам дека уште долго ќе гледам зад грб и ќе ја вртам главата и дење и навечер кога шетам со кучето - признала таа.

Во Новата година за себе сака само здравје:

- Само здравје. Здравјето е на прво место и го ценам се повеќе и повеќе, особено кога имам мои проблеми. Значи, само здравје, се друго ќе дојде – заклучила пејачката.

извор: wanted.mondo


Јелена Розга наполни 44 години: Прекрасно е кога имате некој со кој ќе споделите сè, и среќа и тага, и успех и неуспех