Велат дека ова е најубавата Албанка некогаш родена: Лицето ѝ е толку совршено што сите мислат дека е пластично, таа се колне дека не е!
Албанија не може да се пофали со многу успешни манекенки на светско ниво, а се чини дека Енди Демнери ќе биде таа што ќе го промени тоа. Во ноември минатата година, убавата бринета ја претставуваше Албанија на изборот за Мис Универзум, а иако не постигна висок пласман, ја шармираше светската јавност.
Така барем покажаа гласовите на публиката, според кои Енди е една од најдобрите 5 финалисти на натпреварувањето.
Енди се занимава со манекенство од 2014 година, а по сопствено признание во текот на кариерата флуктуирала со килограмите, па вели дека во последните неколку години ослабела вкупно околу 20 килограми.
Таа важи за најубавата Албанка, а локалната јавност често шпекулира дека направила низа естетски интервенции на лицето. Таа категорично демантираше, посочувајќи дека од мала има полна уста и мал нос.
„Се дебелеев и губев тежина, моите карактеристики се менуваа како што растев и созревав, но не, не сум направила пластична операција. Посакувам, како што напредува технологијата, да се измисли детектор за манипулации и да ме ставите внатре и да се погрижите да сум сосема природна“, изјавила 24-годишната девојка.
Атрактивната Албанка беше гостинка и на Миланската модна недела во февруари и јуни 2023 година, каде што се појавила на покана на креаторот Стефан Габана. Таа особено се истакна кога се појави на една од модните ревии на D&G облечена само во корсет обложен со светки.
Таа ја красеше насловната страница на магазинот „Харперс Базар“ во Грција и Бугарија.
Енди студира меѓународни односи на Универзитетот во Тирана и зборува четири јазици - албански, англиски, турски и италијански.
ФОТО: Инстаграм