Венко Филипче потврди двајца нови пациенти позитивни на коронавирусот

Добивај вести на Viber

Пред половина час, министерот за здравство Венко Филипче на својот официјален профил на Фејсбук сподели дека во земјава има нови два случаи на коронавирус.

„Денеска во попладневните часови, на корона вирус се тестирани двајца нови пациенти и нивните резултати се позитивни на вирусот. Според информацијата која ја имаме во моментов, станува збор за сопружници од Дебар, кои пред неколку дена се вратиле од Италија.

Ги собираме деталите за пациентите, во 19:30 часот следува прес-конференција во Владата на Република Северна Македонија.“ - вели во соопштението.