Вера Мештеровиќ го доби најдрагиот подарок за роденден: Нејзините деца Андреј и Јована ѝ приредија изненадување
Поранешната Мис на Македонија и сегашна водителка на утринската програма на Канал 5 Телевизија, Вера Мештеровиќ прослави роденден. Водителката на социјалните мрежи ги сподели искрените желби кои и ги посакале најблиските пријатели и колеги, но помеѓу нив како најдрага ја одвои онаа од нејзините деца, Андреј и Јована.
„Подарокот кој душа грее кој било коментар е одвишен, благодарна на Бога за ваков благослов што ве имам“, напиша Вера.
Инаку Андреј и Јована и подготвиле изненадување на својата мајка на хамер-хартија и напишале песна и залепиле неколку фотографии од нивни заеднички моменти.
„Секој ден редиме нови спомени“, напишале Андреј и Јована.
Помеѓу честитките беше и честитката од екипата на утринската на Канал 5.
„Секој момент е посебен … Ви благодарам што денес ми го разубавевте утрото, сите колеги пред и зад камерите, а и оние кои во моментот беа со нас. Моите колеги, мое семејство“, напиша Вера.
Не изостана ниту честитката од нејзиниот близок пријател од Србија, Ѓорѓе Давид актуелен член во жирито на популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
„Драга Вера, среќен прекрасен ден. Уште многу настапи да направиме. Радувај му се на секој нов дом“, напиша Ѓорѓе.
На убавата водителка годините ништо не и можат, таа изгледа одлично и на нејзини 45 наполнети години.
Фото: Инстаграм