Вера Мештеровиќ топлес за роденденот: На здравје за животот (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Вера Мештеровиќ е една од ретките Мис кај нас која ја задржа својата популарност и актуелност, и ќе остане запаметена како првата Мис на Македонија за Мис на светот во 1996 година. 

Токму вчера таа го прослави својот роденден, а на социјалните мрежи објави провокативна фотографија на која позира топлес и носи само ракавици и панталони со змиски дезен.

„На здравје за животот. Среќен понеделник и одличен старт на неделата. Благодарна за фамилијата, пријателите, колегите и роденденската торта“ - напиша таа во описот на фотографијата, а доби многу честитки.

*Искрено со Вера Мештеровиќ: Некои не можат да ти простат што си убава, а изборот за Мис е како „Пепелашка“