Вереникот ја оставил, а се зборуваше и дека го завела Душко Тошиќ: Каде е денес и како изгледа „Истанбулската невеста“? (ФОТО)

Животот на Асли Енвер бил полн со подеми и падови, но кон крајот на минатата година ја пронајде својата среќа...

Турската актерка Асли Енвер, која публиката ја засака во серијата „Истанбулската невеста“ имала бурен живот, полн со подеми и падови.

Родена е во Лондон во 1984 година каде живеела до 12 години, а во една прилика се присети на тоа време.

„Баба ми шиеше облека за англиската војска, па на повик на нивната влада завршила во Велика Британија. Заминала во Лондон со своите шест деца, каде мојот татко долго живеел со браќата и баба ми. Од друга страна, мојата мајка е единствено дете во семејството и откако завршила училиште, заминала во Лондон да учи англиски. Тогаш го запознала татко ми и меѓу нив се родила голема љубов“ - раскажа Асли.

Како тинејџерка победила на натпреварување за конкурс за песна во Лондон, пеела во црковниот хор, а потоа започнала да глуми во театарот на „Муџат Гезен Арт“ во Истанбул.

Таа на Универзитетот „Халич“ во Истанбул дипломирала глума, а со оглед на тоа што патела од дислексија не ѝ било воопшто лесно.

Тука многу ѝ помогнала мајка ѝ.

„Кога бев помлада, мислев дека тоа е крај на светот, дека поради дислексијата и потешкотиите кои се поврзани со неа нема да имам пријатели, нема да бидам успешна во работата, а за момците тогаш не ни размислував. Секако, кога пораснав и се едуцирав, таа се менуваше и моето мислење. Денес на дислексијата не гледам како на голем проблем во животот. Тоа е само отежнувачка околност со која се носам, а вистинските проблеми се болест, сиромаштија или загуба на саканата личност“ - објасни таа.

На 19 година почнала да снима серии.

„Истанбулската невеста“ многу ѝ помогнала во кариерата, а потоа следувала и улогата во серијата „Величенствениот“ со веќе добро познатите ѕвезди.

Филмовите и сериите само се нижеле, а последниот филм кој го снимила излезе минатата година.

Љубовниот живот на Асли

Во љубовта немала многу среќа, како на деловно поле.

Три години била во брак со колегата Биркан Сокул, а потоа верата во љубовта ѝ ја вратил музичарот и актер Мурат Боз, во кој се заљубила за време на снимањето на филмот „Мојот брат“.

Меѓутоа, по три години врска, турските медиуми пренесоа дека Мурат ја оставил.

Се обиделе уште еднаш, но не успеале и во 2018 година дефинитивно ставиле точка на својот однос, а Мурат се иселил од станот во кој живееле.

„Ми беше тешко кога раскинавме. Тоа е најлошо во врската, но тешко е и кога партнерот не може да ве разбере на вистински начин. Секој однос е поинаков, но најважно е личноста со која сте, првенствено да ја гледате како човек, а не ако момче или девојка. Тоа е најдобриот начин да поставите темел на здрав однос“ - вака актерката го сподели своето искуство.

Истата година кога ја раскина 3-годишната врска, медиумите ја поврзаа Асли со фудбалерот Душко Тошиќ, бидејќи наводно биле видени заедно.

„Навистина не знам што да ви кажам за тоа, него дури не го ни познавам, се случува да излезат такви работи“ - кажа тогаш Асли за медиумите.

По бројните љубовни бродоломи, убавата турска актерка изненади со фотографиите на Инстаграм кои потврдија дека се омажила за претприемачот Беркин Гокбудак.

View this post on Instagram

A post shared by Asli Enver (@aslienver)

Тие двајца се венчале во интимно опкружување, помеѓу најблиските пријатели и семејството, а кога турските медиуми ја прашаа дали очекува принова, Асли ниту ја дематираше, ниту ја потврди убавата вест.

Меѓутоа, како што пренесуваат медиумите во Турција, големи се шансите оваа вест да е вистина, бидејќи одбила неколку проекти.

Во секој случај, јасно е дека Асли конечно ужива и дека ја пронашла својата среќа.

фото: Принтскрин / Јутјуб