Веро и Џамбо првите закупци во “Ла Плаза Куманово Мол“

Добивај вести на Viber

“Ла Плаза Куманово“ е првиот современ повеќенаменски комплекс во Куманово.

Долгогодишното интернационално искуство и експертиза што инвеститорот ЛИКО ПРOEKT го пренесе на домашниот пазар резултираше со проект кој предвидува домување во 180 станбени единици, надополнето со деловен малопродажнен простор на две затворени и едно отворено ниво. Уште една потврда за високиот стандард на проектот е целосно решениот паркинг простор, со обезбеден соодветен број на паркинг места за станарите и одделно за трговскиот центар.

Проектот е интегриран концепт за домување, пазарење, гастрономија и забава со бруто изградена површина од  56.538 м², од кои 18.398 м² трговски центар. Инспириран од идејата за креирање на современ повеќенаменски простор трговскиот центар “Ла Плаза Куманово Мол“ ги отсликува реалните потреби на жителите на градот Куманово и околината. Уникатноста и атрактивната локација овозможуваат овој проект уште во фазата на градба да завземе позиција како главна дестинација во градот.

“Ние сме тука за граѓаните на Куманово. Градиме објект од трајна вредност со кој што жителите и градот ќе се гордеат. Преку овој проект oвозможуваме квалитетен животен стил во нашиот град.  За жителите и посетителите креираме простор за максимално уживање во секојдневните активности преку понуда на голем број на содржини. Во проектирањето и градбата ги аплицираме највисоките светски стандарди.” – изјави Нуждет Рамадани, сопственик на ЛИКО ПРОEKT.

Со предвиденото отворање во третото тримесечје од 2022 година, трговскиот центар ќе овозможи неколку нови домашни и меѓународни брендови за прв пат да се позиционираат на локалнот пазар. “Ла Плаза Куманово Мол“  вклучува хипермаркет, услужни дејности, модни брендови, мебел центар на површина од 3.800 м², различни предлози за поминување на слободното време, но и многу други тематски обележја што соодветствуваат со комплекс од ваков размер и квалитет.

Ексклузивен агент за изнајмување на “Ла Плаза Куманово Мол" е ФОРТОНМКА, дел од Cushman & Wakefield алијансата.

„Ни претставува особено задоволство што сме дел од “Ла Плаза Куманово” проектот уште од најраните фази на планирање. Куманово веќе подолго време е во фокусот на трговските ланци, така што интересот за овој трговски центар е очекуван. Ги издвојуваме Веро и Џамбо како први закупци на кои им е овозможен простор согласно нивните специфични барања. Очекуваме целосна исполнетост уште во текот на градба.“ - изјави Катарина Николов, Оперативен Директор во Cushman&Wakefield ФОРТОНМКА.

„Ла Плаза Куманово“ активно се гради, комплетирани се  60 % од градежните работи на проектот.

ПР објава