Верувајте, веднаш ќе се чувствувате подобро: Исфрлете ги овие 10 огромни извори на стрес од вашиот живот!
Од што би се откажале, ако
некој ви понуди да ги фрлите сите ваши извори на стрес во некоја магична корпа
за отпадоци?
Клучот за борба против стресот не е да работите понапорно на ситуација што ви носи непријатност, туку да бидете подготвени да работите помалку.
Одредени работи што ги правите во животот само ја влошуваат ситуацијата, а кога прибегнувате кон такво однесување, всушност додавате масло на огнот. Во ситуации кога сте оптоварени со грижи, олеснете си со примена на овие десет работи, и веднаш ге почувствувате олеснување:
1. Ослободете се од потребата да им угодувате на другите.
2. Престанете да барате изговори.
3. Не се чувствувајте како да треба веднаш да реагирате на се, некои работи можат да почекаат, па нека почекаат.
4. Дозволете си да бидете недостапни за другите ако не сте расположени, едноставно направете онака како што чувствувате потреба. Во ред е понекогаш да одбиете покана за дружење.
5. Престанете да верувате дека ви треба она едно нешто што го немате, за да бидете посреќни и поуспешни. Не е точно дека постои само една работа чија моќ е толку моќна што владее со вашиот успех и неуспех. Секогаш има друга шанса, и трета, четврта...
6. Контролирајте ја желбата за фалење. Веднаш. Има луѓе кои ве гледаат онакви какви што навистина сте, без да морате да им се докажувате. Вие сте единствени, запаметете го тоа, можеби само сте со погрешни луѓе во моментот!
7. Престанете да се обидувате да бидете прифатени од сите. Нема сите да ве прифатат и тоа е во ред. Ваша задача е да го прифатите тој факт, и да не ви е гајле за тоа.
8. Запомнете дека не мора да го знаете секој детал, и дека едниствено Бог има контрола над се, не вие! Животот знае и понекогаш функционира на мистериозни начини, и тоа е сосема во ред.
9. Ослободете ја идејата дека треба да бидете совршени. Секому му се случуваат грешки. Во ред е некој да биде сведок на вашата лудост. Па што!
10. Не си предизвикувајте дополнителен стрес, сметајќи се себеси одговорни за сите луѓе околу вас. И да сакате тоа не можете да го постигнете, тогаш зашто се мешате ако не сте повикани за ппомош. Да давате поддршка и да им помагате на другите е прекрасно, но кога ќе почне да предизвикува стрес, време е да ја оставите ситуацијата да се одвива по својот тек.
Кога чувстувате дека се под стрес, отфрлете ја таа тежина, правете го тоа што ве релаксира и земете си време за себе и своите потреби, пуштете добар филм, или гласна музика... без грижа на совест!
Фото:Freepik