Ветерот не ги поколеба верниците да се фрлаат по светиот крст: Во Скопје најсреќен беше Христијан Милевски

Традицијата за Богојавление - Водици да се фрла крст во водите постои од секогаш кај православниот македонски народ.

Денес, во повеќе градови и села ширум државата се фрлаше светиот крст во осветените води, а иако дуваше прилично силен ветер на повеќе места, тоа не ги поколеба верниците да се фрлаат по светиот крст.

Во Скопје, поточно од осветените води на реката Вардар, од околу 130 пријавени верници, светиот крст го извади младиот Христијан Милевски.


Васко Довлев од Варош го извади светиот крст од водите на Охридското езеро, во Гостивар тоа го стори Роберт Исаиловски, Дејвид Велковски во Делчево, во Крива Паланка тоа беше Иван Ѓоргиевски, Ивица Јовановиќ во Тетово...

фото: Принскрин / Фејсбук