Ви посакува секој ден Добро утро: Нека ви биде инспирација во најубавите тренди есенски комбинации
Водителката Александра Пановска Илиевска, која е дел од екипата на Утринската програма на Канал 5 Телевизија е една од поубаво облечените дами со кои македонската јавност се буди и го пие првото утринско кафе.
Утринската програма е специфичен формат кој бара и дрес – код кој ќе биде соодветен.
Александра за оваа есен ги има совршените палта во различни бои и кои одлично ги искомбинирала.
Впечатливи се палтата со црна основа и цветен дезен, искомбинирани со црна кошула и модерни тренди фармерки. Оваа комбинација Александра ја наполнила со црвени високи потпетици.
Сивото палто во сива боја и тенки бели линии е добро искомбинирано со лежерен варијанта, бела кошула, светли тексас фармерки и сиви салонки.
Понекогаш и ваквите утрински програми бараат комбинации кои оставаат впечаток на скромна елеганција, со зачинета префинетост. Таква е комбинацијата со бело кусо палто и плисе сукња со интересен крој.
Лежерните комбинации се секогаш добредојдени. Тексасот оди со сè и во секаква комбинација.
Со убавото облекување се остава првиот впечаток кај луѓето, но воедно дава чувство на самоувереност, ве прави погорди и посреќни.
Убавото облекување не значи илјадници потрошени денари, туку пристојната комбинација да биде соодветна на пригодата, чиста, испеглана и што е најважно вам да ви прилега и вие да се чувствувате убаво во неа.
Конкретно во новинарската работа, кога работите јавна професија, убавото облекување е задолжително. На тој начин ќе ја зголемите вашата убедливост во тоа што го кажувате, а на гледачите ќе им биде подраго истовремено да ве слушаат, но и да ве гледаат.
Фото: ИнстаграмРЖМ