Животна училница // Приказни
(ВИДЕО) Шармантните „Eye Cue“ ја кренаа атмосферата на првата проба во Лисабон
- 30 Април, 2018
Шармантното трио „Ај Кју“, кое го сочинуваат гитаристот, композитор и вокал Бојан Трајковски, пејачката Марија Ивановска и тапанарот Иво Митковски веќе ја имаа првата проба за настапот со кој ќе ја претстават Македонија на Евросонг 2018.
Тие на големата сцена во Лисабон ја кренаа атмосферата во арената Altice а на нивна адреса веќе стигнаа и првите позитивни коментари.
Сцената на која се појавија беше обоена во розово и сино, а кореографијата и ритамот на „Lost and Found“ со која настапија на пробата погледнете ја во видеото: