(ВИДЕО) Ако мислите дека купувањето наголемо и чување залихи дома е правилно, погледнете го ова видео
Што ако не можам да си дозволам 20 пелени за моето бебе одеднаш?
Додека минатиот викенд, луѓето купуваа на големо сe и сешто, 36-годишната Лорен Витни само се обидуваше да најде неколку пелени за своето дете.
Откако отишла во неколку продавници и сфатила дека не
останале повеќе пелени во големината на нејзината најмала ќерка, таа сними TikTok од себе како плаче во Волмарт.
„Би сакала луѓето да сфатат дека сето ова панично купување им го отежнува животот на семејствата со пониски приходи“, рече Витни.
„Некои луѓе не можат да стигнат во продавниците кога ќе пристигнат камионите со залихи, некои луѓе немаат пари да одат кога ќе пристигнат камионите. Ако сите го купуваме само тоа што ни треба, полиците ќе бидат со залихи “, рече таа.
Видеото од Витни: