(ВИДЕО) Дарио: Сонувам за арапска убавица

За мистична арпска убавица, раскажува Дарио во својата нова песна, со интересен наслов, „Иншала“, која вчера е промовирана на неговиот Јутбјут канал и на социјалните мрежи.

„Пеам за мистична арапска убавица која ја сонувам цел живот, а никогаш не сум ја видел. А таа ми го зборува тоа „Иншала“, во соништата. Ова е љубовна, мистериозна песна помеѓу сонот и стварноста. Дали јас живеам во сон, или пак целиот живот е само еден сон“, ни изјави Дарио за новата песна.

„Таму кај сонот извира, стварноста таму заоѓа. А негде помеѓу си ти, на својот ќилим летечки. Ноќи со тебе живеам, а се будам сосем сам. Којзнае колку години сонувам исти зборови: Иншала, Боже дај, ти и јас, некаде и некогаш“, се дел од стиховите на баладата која има ориентална мелодија.

Дарио е автор на музиката и на текстот, а аранжманот, како и на претходните негови синглови е на Кристијан Габровски. Во проектот учествува и синот на Дарио, Бруно Панковски кој ја направи видео анимацијата со стиховите од песната. (М.Џ.)