(ВИДЕО) Границите затворени, родителите не можат да ги земат: 50 сурогат бебиња лежат во хотел во Киев

50 сурогат бебиња лежат во хотел во Киев, a родителите не можат да си ги земат.

Светските медиуми објавија дека во Киев, Украина, во еден хотел се наоѓаат речиси 50 сурогат-бебиња чии родители од Велика Британија, од САД, од Италија, од Германија, од Романија и од други земји не можат да дојдат да си ги земат затоа што границите се затворени поради Kовид-19.

„Дејли мејл“ пишува дека родителите ѝ плаќале од 5.745 па сè до 57.365 фунти на агенцијата која им помогнала околу сурогат мајчинството.