Животна училница // Приказни
(ВИДЕО) Јас сум горд бисексуалец: Данкан Лоренс ја оправда улогата на евровизиски фаворит
- 19 Мај, 2019
Данкан Лоренс е победник на 64-то издание на Изборот за Песна на Евровизија. Обложувачниците овојпат беа во право и во Израел триумфира најголемиот фаворит. Холандскиот претставник е деклариран бисексуалец. Членувал во повеќе школски бендови, а пошироката јавност во неговата земја го запозна откако се појави во петатта сезона на Voice of Holland.
- Јас сум повеќе од уметник. Јас сум личнoст, јас живеам како бисексуалец, јас сум музичар и се залагам за конкретни работи. Горд сум што можам да покажам кој сум всушност јас - изјави Лоренс во едно интервју.