(ВИДЕО) ЌЕ ГО ИМААТ ЊУЈОРК НА ДЛАНКА: Лопез и Родригез се подновија со стан вреден цело богатство

Добивај вести на Viber

Џенифер Лопез и нејзиниот дечко, поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез, купиле луксузен пентхаус во Њујорк, а за новиот дом издвоиле вртоглави 15,3 милиони долари!

Луксузно опремениот стан се наоѓа во познатата највисока станбена зграда во светот, од каде погледот се простира на уште попознатиот Централ парк и Њујорк ви е како на дланка.


Како што наведуваат странските медиуми, договорот го направиле уште во февруари. Станот има три спални соби и четири и пол купатила, а се наоѓа на познатата адреса Парк Авенија 432.

Џенифер неодамна на продажба го стави својот стан во Њујорк кој се простира на два ката, а за него бара околу 163 милиони.


Пејачката и Алекс наскоро ќе ја прослават првата годишнина од врската , а за брак засега не размислуваат, бидејќи се од почеток тече спонтано, па така оставаат да биде и во иднина.


Погледнете и видео од луксузниот стан кој се наоѓа во зградата во која ќе живеат Џеј Ло и нејзиното момче.