(ВИДЕО) Ќе се наежите: Џокси и Академски хор со нова преработка на хитот „На Велигден“

Добивај вести на Viber

Џокси и Академскиот хор Мирче Ацев, во домашни услови направија преработка на хитот „На Велигден“. Со оваа карантинска преработка тој ги честита Велигденските празници на верниците.

„Како никогаш досега Велигденот не сме го дочекале на ваков начин, карантински, и можеби и одговорноста е поголема, да во овие моменти духовно се воздигнеме над се. Со Академскиот хор Мирче Ацев и диригентската палка на Јасмина Ѓорѓеска, а со техничка поддршка на Христо Ловачев, подготвивме една нова верзија на песната “На Велигден“. Мислам дека ќе ви се допадне. Среќни Велигденски празници.“ - напиша Џокси на својот фејсбук профил, споделувајќи го видеото.

Уживајте: