(ВИДЕО) МАКЕДОНЕЦ ГО СВИРЕШЕ СРПСКОТО ОРО „МОРАВАЦ“ ВО МУЗЕЈ ВО АВСТРАЛИЈА
Македонецот Христијан Спировски, за време на еден прием во музеј во Мелбурн, пред 300 гости седнал на клавир и отсвирел неколку српски народни ора. Меѓу нив е и познатата „Моравац“.
Својот настап, тој го снимил, па јасно се гледа дека гостите уживале во музиката.
„Гостите едноставно сакаа да слушнат нешто што е различно. Кога завршив со настапот, ме прашаа од каде е таа музика, а јас реков: Од Србија“, вели за порталот курир.рс младиот Христијан кој живее во Австралија. Тој е македонец, а никогаш до сега не бил во Србија. Земјата ја смета за блиска затоа што таму живее неговата тетка.
„Низ Србија само сум поминувал, но планирам да ја посетам“, изјавил тој.
Талентираниот Христијан има завршено музичка академија во Мелбурн.
Еве како звучи орото негова клавирска изведба: