(ВИДЕО) НИКОЈ НЕ САКАЛ ДА ИНВЕСТИРА ВО НОЛЕ: Почетоците на Ѓоковиќ не биле лесни
Откако го освои својот 14. по ред Грен Слем турнир, Новак Ѓоковиќ влезе меѓу тројцата најдобри тенисери на сите времиња.
Светските медиуми го претставуваат како спортско чудо, најмногу поради фактот што доаѓа од како што велат, мала, сиромашна земја која не вложува многу во спортски таленти.
„ Иако на само 14 години бил најдобар јуниор во светот, никој во Србија не сакал да вложи во неговата кариера. Тоа најдобро се гледа и од следното видео, каде Новак заедно со својот татко јавно бараат бизнис партнер кој ќе вложи во неговата кариера, а подоцна по договор ќе добива процент од неговата заработка“, пишува спортски.мк.
Иако никој не верувал во него, сепак Ѓоковиќ успеа да стане тениер со најголема заработка во историјата на АТП ерата од тениски турнири, а неговите спонзорски договори се мулти-милионски.