(ВИДЕО) Омилени песни и сеќавања: Познатите за Тоше

Добивај вести на Viber

Во исчекување на концертот во чест на Тоше Проески закажан на 2 ноември во „Борис Трајковски“ и на новиот постхумен албум, се потсетуваме на три хит-рефрени од богатиот репертоар на легендарниот пејач и автор кои оставиле најсилен впечаток кај Каролина Гочева, Антонија Гиговска и Александар Тарабунов.

„КАЗНА МОЈА СИ ТИ“


Младата македонска пејачка Антонија Гиговска лани доби шанса да го игра главниот женски лик во мјузиклот „Тајно моја“. По премиерата изјави дека не постои песна од Проески којашто не ја слуша или ја изведува.

- Тоше ми е идол уште од моите почетоци во музиката, моја најголема инспирација. Најмногу ја сакам „Казна моја си ти“ која секогаш ме остава без здив. Дознав дека му била една од најдрагите и нему и со тој податок сега сум уште посреќна - изјави таа.

„ЛОШО ТИ СТОИ“


Главниот машки лик во истиот мјузикл му беше доверен на Александар Тарабунов кој како и Гиговска, кариерата почна професионално да ја гради по смртта на Проески.

- Сите рефрени ми се преубави. Кога ги слушам ми даваат некое посебно пријатно чувство и сè ми е полесно. Омилена ми е „Лошо ти стои“ – истакна Тарабунов во едно интервју.

„ИЛУЗИЈА“


Лани на десетгодишнината од смртта на Проески, Каролина Гочева откри дека баладата „Илузија“ е нејзината најдрага песна.

- И после десет години болката е иста, а Тоше секој ден фали сè повеќе - напиша поп-ѕвездата на социјалните мрежи.

Ѓ.С.