(ВИДЕО) Опра: Дојде времето на жените кои се осмелија да ја кажат вистината!
Американската актерка Опра Винфри објави „нов ден“ за жените и девојките кои биле подложени на сексуално малтретирање од влијателни мажи во силен говор на церемонијата на доделувањето на Златен глобус.
63-годишната Винфри, чие претходно ток-шоу го отвори патот на исповед на телевизија и ја направи милијардерка, ја фокусираше изјавата на родовата еднаквост, сиромаштијата и расизмот при примањето на наградата „Златен глобус“ за животно дело.
Винфри го поздрави движењето #MeToo кое доби на интензитет по откритието за однесувањето на филмскиот магнат Харви Вајнштајн. Опра оддаде почит и на Риси Тејлор – афроамериканка која во 1994 соопшти дека е жртва на групно силување од шестмина бели мажи во Алабама и почина минатиот месец на 97 години, откако изрази жалење од „културата, разбиена од брутално влијателни мажи“.
„Премногу долго жените не беа слушани или не им веруваа, ако се осмелуваат да ја кажат вистината за овие мажи. Но нивното време дојде! Времето им дојде!“ – рече Винфри.
Таа доби аплауз од присутните, а кај некои можеше да се забележат и насолзени очи.