(ВИДЕО) Ова е приказна за секоја жена: Емотивен спот за евровизиската „Proud“
Повеќе познати жени се дел од евровизискиот спот на Тамара Тодевска за песната „Proud“, којсе промовираше вечерва во 19.30 на МТВ.
Тамара симболично го избра Осми март за промоција на спотот и избра повеќе силни жени, нејзини пријателки и соработнички кои учествуваат во спотот. Во емотивниот спот се појавува и нејзината ќерка Хана.
- Крени го гласот и искажи се гласно, биди горда- се пее во песната.
Тамара избра да пее на англиски јазик и кажа дека ова е песна за приказната на секоја една жена, а сака преку емоцијата на сите жени да се пренесе пораката во Тел Авив и сите жени да се почувствуваат горди на себеси.
Тамара во Тел Авив, Израел ќе настапи на 16 мај, во второто полуфинале. Автори на песната се Дарко Димитров, Лазар Цветкоски, Роберт Билбилов и Коста Петров со неговата сопруга Сања Поповска.