(ВИДЕО) Секогаш елегантна: Меланија Трамп во бојата на пролетта за Велигден
Првата дама на Соединетите Американски држави, Меланија Трамп секогаш се стреми да изгледа елегантно и софистицирано. Бидејќи традиционалниот велигденски „egg roll“, кој собира семејства од целата земја на ливадата на Белата куќа, мораше да биде откажан поради пандемија на коронавирус, Меланија наместо тоа изработи видео во кое за најмлите ја чита велигденската приказна „Малиот зајак“.
Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп облечена во зелено од глава до пети за оваа посебна пригода, повторно го покажа својот посебен вкус за мода.
Зелен фустан во миди должина со џебови и јака и ремен на половината. На нозете, таа има модел на чевли што најмногу ги сака - салони со високи потпетици.
Миди фустаните сè уште се пожелно парче во секојдневните стилови, исто како и широките ремени што се вратија во полн ек оваа сезона. Можете, како Меланија, да го комбинирате со миди фустани, но и со туники и кошули.
„Се надевам дека убаво го прославивте овој посебен
празник. Внимавајте на себе и на другите и Среќен Велигден“, рече Меланија на
крајот. Иако најчесто се критикувани, корисниците на социјалните медиуми сега
беа воодушевени од стајлингот на Меланија, како и од перформансите, велејќи
дека таа има многу смирувачки глас и е „единствената автентична личност во
целата Бела куќа“.