(ВИДЕО) Тања Савиќ: Само сакам да ги гушнам децата
Фолк sвездата Тања Савиќ повеќе од 4 месеци минува
низ вистинска семејна драма. Пејачката четири месеци ги нема видено
своите синови Максим и Џорџе за кои медиумите во Србија пишуваа периодов, а
неодамна за нејзината прикаџзна пишуваат и светските медиуми.
Имено, таа се пожали дека нејзиниот сопруг Душан
Јованчевиќ, без знаење и дозвола, децат
ги однел во Австралија на Велики петок во април, каде се и денес. За сето ова
време, Тања не ги видела, ниту пак знае кога ќе има можност а ги слуша кога
„другата страна“ ќе даде одобрение за тоа.
Во меѓувреме, Тања им откри на медиумите детали за
кои долго молчеше – таа се сомнева дека Душан го фалсификувал нејзиниот потпис
и со тоа успеал да ги одведе децата на друг континент, дека ги украл нивната
заедничка цела заштеда и дека има информации од австралиските власти, дека тој
таму се пријавил како самохран родител, со цел да добие финансиска помош секој
месец.
Неодамна, српските надлежни органи се грижат за нејзиниот случај, и тие прават се за да и помогнат, а алармирани се и институциите во Австралија.
„Само сакам да уживам во мојата работа, да ги гушнам своите деца овде ... Ги едуцирав овде, навистина се обидов да ги исполнам нивните потреби - ги запишав во приватно училиште, финансирав сè, цел живот, плаќав кирија исклучиво Јас ... - призна Тања во шоуто „Ексклузивно“.
Во меѓувреме, еден австралиски весник го фати Душан
со неговите синови Максим и Џорџе, а ексклузивната фотографија можете да ја
видите во прилогот на шоуто „Ексклузивно“:
Видео: RTV Pink Official
Сека Алексиќ во одбрана на Тања Савиќ: Каков родител ги одзема децата од мајката