(ВИДЕО) ТРЧАШЕ МАРАТОН И ГО ДОЕШЕ БЕБЕТО

Добивај вести на Viber

Британката Софи Пауер стана вирален хит откако ја истрча познатата трка на Алпите само три месеци по породувањето, попатно доејќи го својот син, пренесуваат светските медиуми.

- Бев во агонија. Кормак јаде на секои три часа, а мене ми беа потребни 16 до точката на која можевме да се сретнеме, па морав да се одлучам на овој храбар чекор, на оние места на кои рутата тоа ми го дозволуваше. Почуствував олеснување - изјави Софи за магазинот „Пипл“.

Таа во ниту еден момент не помислила да се откаже од трката долга 165 километри.

- Уживав во годинашниот ултрамаратон на францускиот Мон Блан како никогаш досега. Бев принудена да се движам бавно и да внимавам на пулсот бидејќи мускулите на карлицата се уште ми се чувствителни - го опиша Софи патешествието.

Пауер трката ја завршила за 43 часа и 33 минути.