(ВИДЕО) Висока цена за престој: Остров наменет само за жени, а забранет за мажи
Луѓето кои се спремни да ризикуваат и вложат во нешто сосема поинакво и инвентивно, секогаш успеваат да станат успешни во својот домен.
Кристина Рот од Финска дошла до идеја да отвори магично место наречено „SuperShe Island“, кое е наменето само за припадничките на понежниот пол.
Минатиот септември, Рот откупила 8,4 хектари земја и кон крајот на мај, ова место го претвори во мало островче, кое може да прими околу 10 жени и е опремено со кајаци, има часови по јога, медитација, часови по готвење, третмани, односно се што ќе придонесе една жена да се одмори ментално и физички.
Најинтересниот дел од понудата е што на мажите им е забранет влез на островот, а за да се стигне до него, пред се мора да се стане дел од „SuperShe“ заедницата, чија чланарина чини 7. 250 долари.
Првичната замисла е преку оваа заедница да се запознаваат жени од целиот свет, кои на островот ќе може да разменат различни културни традиции, но и да остварат контакти, кои може да им послужат понатаму во животот.