(ВИДЕО) Водителот ја деградираше нејзината стручност само затоа што е жена: Таа е најпознатиот епидемиолог во Србија
Гостувањето во емисијата Фокус Специјал на ТВ Б92, во Србија, на проф.д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ - епидиемиолог, заменик директор на Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, вонреден професор, автор на повеќе од 100 научни трудови, со едно прашање на водителот се сведе на родова дискриминација, кога водителот ја праша како тоа една жена отишла во критичен регион, а не бил одбран маж да го стори тоа.
Прашањето на водителот Оливер Јакшиќ гласеше:
„Како е донесена одлука една дама да оди во Ниш со министерот Димовиќ, кога е најтешко. Многумина се прашуваат дали тоа не можеше да биде некој од струката, а да биде машки пол, со сета почит кон дамите и родовата еднаквост. Но ова е нешто најблизу до воена состојба, а на линија на фронтот отиде жена.“
На тоа проф.д-р Тапавчевиќ одговори дека не го ни разбира прашањето, односно потполно не е важно кој пол е, битна е струката на која припаѓа и кој може да помогне во моментот.
Здруженија на новинари побараа извинување од новинарот.