(Видео) Запознавање со Лидија од „Зоки Поки“ - малата актерка Анастасија Аневска
![](/media/main/2020/04/20200424100143.jpg)
Почнувајќи од 4 мај, ТВ серијата „Зоки Поки“ ќе се емитува секој
понеделник и четврток во 20:15 часот на првата програма на МРТ, со
репризи наредниот ден и во сабота и недела. По емитувањето, епизодите ќе
се поставуваат и на веб-страницата ZokiPoki.mk и на официјалниот YouTube канал.
Додека го чекаме почетокот на емитувањето, се запознаваме со слатката и
талентирана Анастасија Аневска, која ја толкува улогата на Лидија.
Анастасија е шесто одделение во ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје и
обожава да гледа филмови и театарски претстави. Надвор од училиште,
Анастасија ја истражува глумата во драмското студио „Детски Свет“,
синхронизира цртани филмови и серии и настапува во две претстави во
Драмски театар.
Во видеото со прашања и одговори подготвено од тимот на „Зоки Поки“,
Анастасија открива кои ѝ се омилените предмети во школо, дали повеќе
сака фудбал или кошарка, дали има симпатија, што сѐ претставува љубовта
за неа, која ѝ е омилената суперхероина и зошто бира куче наспроти маче.
Исто така, Анастасија споделува книга, филм и серија кои ѝ оставиле
најмногу впечаток, а особено е интересно кој филм го одбира.
Останатите улоги ги толкуваат децата-актери Матеј Настевски (Зоки Поки), Матеј Зимбаков (Гоки) и Матео Матоски (Боки).
Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела
Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, која
ќе ја видиме во улогата на неговата баба.
Повеќе информации за ТВ-серијата се достапни на веб-страницата ZokiPoki.mk.