Нова свежина во етерот и хит во најава кој брзо влегува во глава ни носи Александар Тарабунов.
„Би те одбрал само тебе“ е нумерата со која познатиот Тарабунов се натпреварува на овогодишното 33-то издание на фестивалот „Макфест“.
Пејачот во рамките на втората полуфинална вечер успеа да се рангира на 4. место за влез во финалето.
Овој потенцијален хит е дело на Тамара Тодевска, која се потпишува на музиката, и Роберт Билбилов, чиј потпис стои на стиховите и на аранжманот.
Уживајте во музиката и спотот...