(ВИДЕО)Принцот Хари на работ на солзи додека Меган се смее еуфорично: Чудно однесување на славната двојка
Можеби и не се толку
среќни
Војводата и војвотката од Сасекс уживаа во долгиот
аплауз за добредојде и поддршка во Ројал Алберт Хол во Лондон.
Инаку, Хари последен пат се појави во својата униформа на
Кралската морнарица додека носеше медали добиени во Авганистан.
Со огромна насмевка на лицето, во црвен долг
фустан на модната куќа Safiyaa, Меган Маркл му правеше компанија за
својот сопруг. Со гламурозен фустан вреден околу 1.500 евра, Меган исто така
носеше и обетки на Simone Rocha.
Додека славната двојка присуствуваше на настанот,
генералниот впечаток на присутните беше дека принцот Хари беше на работ на солзи,
додека Меган беше еуфорична. Експертите за говор на телото го
анализираа изгледот на војводата и војвотката од Сасекс, изјавувајќи дека на Хари
не му било непријатно на настанот, додека Меган уживала во центарот на вниманието!
Фото Profimedia
Нашминкана и насмеана: Вака Меган Маркл се врати во Велика Британија по “Мегзит“! (ФОТО)