Животна училница // Приказни
(ВИДЕО) Супер информација: Ања ѝ рече збогум на хемотерапијата
- 13 Март, 2020
Невладината организација САНО, на својот фејсбук профил сподели Супер информација за славење.
Целиот текст на НВО„САМО“, невладина организација на родители и пријатели на децата лекувани од рак и нивните семејства, соединети во мисија за подобрување на квалитетот на лекување и животот на заболените деца и нивните родители, го пренесуваме во целост:
„Имаме супер голема причина за славење !
Денес наша Ања и рече збогум на хемотерапијата!
* Наша храбра и убава Ања, голема да раснеш и да пораснеш, да менуваш светови, да отвориш пат и за сите други деца кои од утре исто како тебе, ќе удираат по ѕвончето! Нека слушнат сите за нашата хероина Ања !“, напишаа на фејсбук.