Видов дека не си совршен, те засакав уште повеќе: Елена Петреска со емотивна честитка за годишнината од бракот

На денешен ден пред 8 години пејачката Елена Петреска го кажа судбоносното „да“ на сопругот Андреј.

Таа на социјалните мрежи сподели фотографија од неа и сопругот на која напиша: „Видов дека си совршен и те засакав. Потоа видов дека не си совршен и те засакав уште повеќе. Среќна годишнина љубов!“.




Повеќето од нас со љубовта на својот живот се запознаваме во училишните клупи, во средно, на факс, или во кафуле, бар, на плажа, преку социјалните мрежи. Но, пејачката својот животен сопатник го запознала на строго професионална соработка, на која се појавила во многу лежерно издание буквално во тренерки.



Интересен е и начинот на кој ја побарал за жена. Во интервју за Антена, пејачката откри детали за таа ноќ,  по договорениот настап заминала тажна, со неверување што ѝ се случува, откако три дена претходно со Андреј раскинале. Но, кога се вратила во собата, имало изненадување, насекаде имало цвеќиња и свеќи а во позадина се слушала нивната омилена песна, Андреј ја чекал со прстен.


Фото: Инстаграм