„Видов водка кај Марина Туцаковиќ, па се напив и јас“: Хит исповед на Јелена Карлеуша за првото пијанство –„Се покајав по 5 минути“
Јелена Карлеуша
неодамна се присети на моментот кога за прв и последен пат во животот
испила капка алкохол со водителот Иван Гајиќ на почетокот на емисијата „Диван
шоу“.
- На Beovision добив нула поени од сите членови на жирито. Претпоставувам дека тој настап од пред 20 години не беше адекватен. Веројатно имаше многу подобри, па решија да не ми дадат глас. Тогаш решив дека повеќе нема да се натпреварувам, бидејќи сите имаа повеќе бодови од мене. Беше во најмала рака нелогично и нефер. Тогаш пробав вотка за прв пат во животот - почна ЈК, па продолжи:
- Се сеќавам дека бев толку разочарана и потресена што отидов зад сцената откако го слушав гласањето. Бев во соблекувалната, Марина Туцаковиќ и нејзината пријателка донесоа шише вотка да се напјат, бидејќи сакаа малку да се забавуваат. Ја видов таа вотка, ја истурив во пластична чаша и ја испив. По пет минути ми беше многу лошо. Тоа беше прв пат да пробам алкохол. После тоа, имаше многу неправди во мојот живот, но никогаш повеќе не пробав алкохол.
Фото:youtube