ВИКЕНД ХОРОСКОП: Нови почетоци во љубовта за неколку знаци
Вага
Ќе ви излезат некои непланирани работи на професионален план. Тоа од вас ќе бара многу енергија и трпение. Но не очајувајте, ве очекува награда од претпоставените. Можни се некои помали финансиски издатоци. Што се однесува до љубовта се е во најдобар ред.
Шкорпија
Ве очекува разврска на емотивното поле. Викендов е добар и за нови почетоци во љубовта, па соберете храброст и пријдете и на личноста која ве привлекува. Што се однесува до деловното поле тука постои можност за потпишување на договори, трговски зделки или пак можеби некое пократко патување.
Стрелец
Можностите за деловен успех и професионален напредок викендов ви се исклучително поволни, само треба да најдете најдобар начин да ги искористите. Ако сте амбициозни и имате силна волја и јака дисциплина успехот ви е загарантиран. Со партнерот и пријателите добро ќе се разбирате.
Јарец
Во кариерата ви нараснуваат проблемите. Доаѓате до една таква состојба во која не ќе можете да излезете на крај со обврските. Имате доста тешкотии и ќе морате да се откажете од нешто.
Водолија
Контактите ви се подобруваат особено со соработниците и претпоставените. Секако дека треба да е присутна извесна доза на претпазливост. Ве очекуваат некои промени во блиската околина. Прифатете се иако не ви се допаѓа - нема да зажалите.
Риби
Ситни проблеми ќе ви создаваат големи главоболки. Се почесто ќе бидете уморни што ќе ја зголеми вашата раздразливост. Финансиската ситуација не е онаква каква што посакувате да биде, па ќе морате да се потрудите повеќе за тоа. Бидете мирни викендов и потрудете се наредната недела да ја започнете со поинакви мисли.