Викенд хороскоп: Поранешната љубов ќе се врати во животот на овие три знаци
Овен
Вашата сакана личност ќе разбуди сомнеж во вас. Тој сомнеж нема да ви даде мир и ќе покажете голема љубомора. Колку и да се трудите да го објасните тоа на некој разумен начин, сепак нема да можете да се спасите од љубомората и верувањето дека нешто ви крие.
Бик
Личноста со која некогаш сте имале љубовна врска овие денови ќе ве контактира. Иако тоа за вас е завршена приказна, ќе се согласите на состанок поради љубопитност. Меѓутоа бдиете внимателни! Доколку не сте ги расчистиле чувствата поврзани за таа личност, вашата средба би можела да ги разбуди заспаните емоции. Не е паметно да се враќате на старо.
Близнаци
Во деновите од викендот нема да имате волја ниту мотивација за било што, па така ни за љубовен живот. Потребен ви е мир и одмор од сите, сѐ и сешто. Доколку сте во врска, кажете му на партнерот како се чувствувате, бидејќи вашата потреба за самотија би можела да биде протолкувана на еден сосема друг начин.
Рак
Мислите ви се насочени кон личноста на која често мислите и за која често размислувате. Можно е во деновите од викендот да добиете одговори на прашањата на кои сега немате. Тој одговор можеби ќе ви дигне во вис од среќа, а може и потполно да потонете.