Хороскоп // Хороскоп
Викенд хороскоп: Ракот во проблем со емоциите, на Јарците минатото ќе им тропне на врата
- 22 Јануари, 2022
Лав
Ве загрижува кариерата и репутацијата во општеството. Чувствувате негативна енергија на работа и сакате да се оддалечите. Ако можете земете продолжен викенд, ако не тогаш викендот искористете го исклучиво за себе.
Девица
Ви следува убав и релаксиран викенд. Времето поминете го со пријателите. Слободните ќе запознаат многу интересна личност која може долго да се задржи во вашиот живот.
Вага
Вашето „вагање“ на моменталната ситуација на работа ќе даде резултати само ако зборувате со надредената личност и кога прецизно ќе ѝ ги изнесете своите дилеми и проблеми.
Шкорпија
Никогаш не ве изневерила интуицијата, а така ќе биде и овој пат. Само послушајте ја неа и работете во склоп со неа.