Викенд хороскоп: За Ракот и Бикот ова ќе бидат денови за дружење, а на многумина ќе им поминат во знакот на минатото

Добивај вести на Viber

Стрелец 

Концентрацијата и чистите мисли ви се потребни за овој викенд. Работната недела ви беше турболентна. За време на викендот вратете си го филмот и обрнете внимание повеќе на она што не е кажано, отколку на она за што се зборува. Кога ќе го „уловите“ тој момент ќе го составите коцките и совршено ќе бидете подготвени за новата работна недела.

Јарец

Минатото ви тропа на врата. Како на деловната, така и на љубовната. Деловното минато веќе ви дојде, бидејќи се имате вратено на дел од работите кои некогаш сте ги работеле. Заедно со тоа се враќа и љубовно-деловното минато. Тоа е личност од која и денес ви треперат колената. Сега без паника и страв. Викендот искористете го за дружење со пријателите и семејството, а од понеделник полека и сигурно во себе, бидејќ сега искуството е на ваша страна.

Водолија 

Новиот прилив на енергија овој викенд ви ги носи промените кои ги посакувавте, но од кои на некој начин сте се плашеле. Сепак таа нова енергија ви дава динамичност и полетност, па затоа искористете ја за деновите од викендот, онака како што вие најдобро знаете и умеете.

Риби

Полека, но сигурно влегувате во мирно пристаниште. Времето е на ваша страна, нема падови, работите се одвиваат непречено и во ваша корист. Го чувствувате тоа и овој викенд. Опуштете се и едноставно уживајте во хармонијата и рамнотежата што ја носите.

фото: freepik


Претходна страна