Виктор има канцер на абдоменот, потребно му е итно лекување во Турција: убаво и чисто дете на кое му се срушил светот откако дознал за болеста
Панчо и Андреј од дуото ДНК се сретнаа со Виктор Боневски кој боледува од канцер и на кого потребни му се финансиски средства за операција во Турција.
Со оваа заедничка фотографија ДНК повикаа на апел за помош.
Инаку Виктор има 19 години и е фудбалер кому му е дијагностицирана малигна
неоплазма на абдоменот. За итно
лекување во Турција потребни се повеќе од 100.000 евра.
„Денеска се сретнавме со Виктор Боневски, убаво и
чисто дете кој има само 19 години и бил перспективен спортист/фудбалер но еден
ден по дознавање на неговата дијагноза (Канцер) одеднаш целиот свет му се
срушил , но затоа ние сме тука заеднички со сите вас повторно да му го
изградиме истиот и да го гледаме што побрзо на фудбалските терени“, напиша
Панчо.
Ова е најважниот натпревар за Виктор, вели Панчо за која сме уверени дека ќе излезе како победник.
„Ние дониравме онолку колку бевме во можност па од
срце ве замолуваме да донирате и да помогнете кој колку може.
Ќе го оставиме и контакт бројот од брат му Дани:
070 47 99 03 за повеќе инфо, и тука се броевите на телефоните линии за донација“,
стои во објавата на Панчо.
Телеком / 143 - 122
А1 / 143 - 507
Сметки за донација:
SPARKASSE BANK:
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА:
250500024209249
ДОНАЦИИ ОД СТРАНСТВО:
SWIFT: INSBMK22
IBAN CODE: MK07250780007582562
Фото: Инстаграм