,

Вил и Џејда Смит признаа дека се во отворен брак: Сексолог д-р Роберт објаснува што точно значи тоа

Холивудската двојка призна дека „бракот не може да биде нивен затвор“ и дека се во отворен брак. Тие кажаа дека за време на бракот имале сексуални односи со други луѓе. Како функционира отворената врска/брак и дали може да донесе нешто добро за врската? - објаснува сексологот д-р Роберт.

Вил Смит и Џејда Пинкет Смит се најпопуларниот американски пар моментално. Холивудската двојка се венча во 1997 година и има две деца - 23-годишниот Џејден и 20-годишната Вилоу. Минатата година медиумите преплавија со веста дека дуото е најверојатно во необична врска кога раперот Аугуст Алсина изјави дека е во врска со Џејда, а со согласност на Вил.

Јавно призна дека спиела со другарот на син ѝ, ќерка ѝ е во полиаморија: Сите контроверзии на Џејдa Пинкет Смит

Парот на почетокот ги игнорираше озборувањата, но во емисијата „Red Table Talk“ и двајцата признаа дека се во отворена врска.
Оваа тема актерот неодамна ја покрена во интервју за ГК. Тој призна дека, иако нивниот брак бил моногамен, решиле да го „отворат“.
- Џејд никогаш не верувала во конвенционален брак - објаснува Вил Смит.
- Имавме важни, бескрајни дискусии за тоа што е идеална врска, кој е совршен начин за интеракција како пар. Си дававме самодоверба и слобода, верувајќи дека секој мора да си го најде својот пат. Не можеме да бидеме како во затвор. На никого не му го предлагам мојот пат, но давање слобода и безусловна поддршка за мене е највисоката дефиниција за љубовта – изјави холивудскиот актер.

Оваа тема ја објаснуваше и д-р Роберт Ковалзик, клинички сексолог и психотерапевт кој исто така работи со парови. Како функционира „отворената врска“?

- Во сексологијата веднаш размислуваме за партнерските стандарди. Тоа значи дека секој пар, по правило, треба да ги разработи тие стандарди, што, во реалноста е различно. Ако размислуваме строго за сексуалното однесување, тоа може да се дискутира на повеќе нивоа. Некои „отворени врски“ ќе се потпираат на заеднички односи со дополнителна личност или лица, други ќе се засноваат на сосема спротивни принципи и нивната норма ќе биде да спијат со други, но одвоено – објаснува тој.

Сепак, проширувањето на врската не мора да се потпира само на сексуалниот однос. Како кај Џејда и Вил.

- Има парови кои развиваат паралелна врска на емоционална основа. Други пак, ќе му кажат на партнерот дека врската треба да биде исклучиво сексуална, па дури и да се исклучи сопственото присуство, тоа треба да биде еднократна средба со личност - вели сексологот. Значи, клучно е паровите да се договорат за сите правила на овој систем, доколку и двајцата се согласни за овој концепт - вели тој. 

А, дали е тоа предавство?

Многу луѓе размислуваат за овој тип на брак кој впрочем, го надминува стандардот што го знаеме. Во секој случај, ако мислите дека е толку лесно да се одлучи некој на такво нешто, се лажете! Воспоставувањето норми во овој тип на врска е долга работа која бара поставување многу прашања за да се избегнат недоразбирања.

- Дискутирањето за нормите со сексолог ви овозможува да ги гледате овие работи од различни перспективи. Според моето искуство, многу парови веруваат дека отворањето врска е автоматски поврзано со губење на врската - додава тој.

- Има луѓе кои се во отворена врска, но ја ограничуваат сексуалната активност. 

Тој забележува дека некои се плашат да кажат дека таква, отворена врска не е за нив.
- Вметнувањето емотивна нишка во разговорите за отворена врска може да биде тешко. Ова е често резултат на верувањето дека партнерот може да ве обвини дека не сте премногу прогресивни - вели сексологот, што е потполно погрешно, бидејќи секој има право да не сака да биде во таква, отворена врска.

Ако вашиот партнер сака да има секс или емотивна врска со друга личност, а вие не сакате, д-р Роберт советува:

- Според мене, отворената врска не треба да биде предавство ако се согласите на таква. Предавството е пред сè кршење на партнерската доверба и може да има различни причини. За некои предавството ќе биде емотивна врска со друга личност, а за некои физички контакт. Некои дури и се одмаздуваат на своите партнери или манипулираат со нив преку предавство. Не мора секогаш да се работи за секс – објаснува др. Ковалџик.

Но, важно е да разговарате со партнерот, да му кажете што сакате, а што не, бидејќи во ваквите отворени врски некој може да биде остане повреден.

извор:najzena