Вил Смит и сопругата се разделени 7 години, зар глумеа цело ова време дека се заедно? „Не најдовме начин како да го кажеме тоа“
Џејда Пинкет Смит откри дека таа и нејзиниот сопруг, актерот Вил Смит, живеат „целосно одвоени животи“ од 2016 година, иако не се законски разведени. Пинкет Смит во изјава за NBC News изјави дека не ја информирале јавноста порано за нивната разделба бидејќи не биле подготвени. Додаде дека таа и Вил се обидуваат да најдат начин да го одржат партнерството и покрај се.
-Како да им го претставиме на луѓето сето ова? Не најдовме начин, изјави Пинкет Смит за NBC News.
Џејда Пинкет Смит (52) и Вил Смит (55) се во брак од 1997 година, а нивната врска се најде под лупа на јавноста во 2020 година кога пејачот Аугуст Алсина изјави дека е во романтична врска со Пинкет Смит, што таа и го потврди.
-Во врска сум со
Август, изјави сопругата на Смит, објаснувајќи дека
таа и актерот во тоа време минувале низ тежок период.
За потсетување, Вил Смит му удри шлаканица на водителот Крис Рок на Оскарите во 2022 година, откако се пошегува на сметка на „фризурата“ на Пинкет Смит, која боледува од алопеција (опаѓање на косата).
Во интервју за NBC News, таа рече дека колапсот на бракот дошол поради многу причини. Таа додаде дека ветила дека нема да има причина да се разведе и дека досега не можела да го прекрши тоа ветување.
Џејда откри повеќе детали за бракот, кариерата, растењето со сопругот Вил Смит во своите мемоари, кои треба да бидат објавени на 17 октомври.
Фото:sreenshot/youtube