Вила која некогаш им припаѓала на Кариќ: Погледнете го луксузниот дом на Новак и Јелена Ѓоковиќ на Космај
Вилата на Новак и Јелена Ѓоковиќ на Космај го одзема здивот, погледнете сами.
Луксузната вила во близина на Белград, која до неодамна припаѓаше на брачниот пар Кариќ, сега е новиот дом на Новак и Јелена Ѓоковиќ.
На крајот на 2020 година, по потпишувањето на документите за развод, Елена и Југослав Кариќ одлучија да го продадат својот луксузен имот на Космај за 2,9 милиони евра, пишуваат локалните медиуми.
Тогаш семејството Ѓоковиќ од нив купило нов имот.
Вилата на Новак и Јелена Ѓоковиќ зрачи со луксуз. Куќата е опкружена со зеленило, има простран двор, а има и овоштарници и зеленчукови градини, кои претходната сопственичка Елена уживала да ги украсува.
Домот на Новак и Јелена Ѓоковиќ има четиристотини квадратни метри, а најмногу од материјали преовладуваат каменот и дрвото.
Просторот е префинет со рустикални парчиња мебел и неизбежните антиквитети, а сето заедно зрачи со топла и пријатна атмосфера.
Мирниот пејсаж во кој се наоѓа вилата на Новак и Јелена Ѓоковиќ е идеален за семејни дружења, одмор по напорните натпревари на тенискиот ас, како и за медитација во која ужива тој и неговата сопруга.