Винарија Камник со 4 златни медали на Меѓународниот вински предизвик, AWC Виена 2021

Добивај вести на Viber

Винарија Камник освои четири златни медали за четири различни вина на AWC, Меѓународниот вински предизвик што се одржа во Виена за 2021 година.

Во конкуренцијата оваа година учествуваа повеќе од 12 000 вина од над 1 600 производители од 44 држави ширум светот.

Вината што се закитија со златни медали од Винарија Камник се од конкуренција на бели вина, Fumé Blanc берба 2020 година, додека од црвени вина Monte 2020, како и Carménère 2019 од првата берба на ова вино и Ten Barrels Cabernet Sauvignon Grand Reserva 2016.

Во однос на карактеристиките на наградените вина, Carménère 2019 e првото вино  на Винарија Камник од оваа сорта, што придонесе за овој, втор златен медал да се смета за особен успех.

Fumé Blanc 2020 се истакнува по својот раскошен и богат мирис и комплексно буке, што се должи на 6-месечното созревање во француски даб, со методот sur lie.

Ten Barrels Cabernet Sauvignon Grand Reserva 2016, е дел од серијата Ten Barrels типична по долгото созревање во буриња од американски и француски даб и овошно-зачински карактер, како и потенцијал за долгорочно созревање во шише.
Monte 2020 е единствен бленд од Монтепулчиано и Вранец во нашата земја, произведено од грозје од сопствените насади на Винаријата Камник, вино кое изобилува со ароми на зрела капина и црна слива, со испреплетени тонови на капучино и какао.

AWC Виена е најголемиот официјално признаен вински натпревар во светот, што се должи на неприкосновениот систем на слепи дегустации и строгите правила за дегустација. Важи за натпревар што воспоставува највисоки стандарди за да го следи континуирано зголемувањето на барањата за квалитет во светот на виното. Дури 17 години по ред е меѓународен лидер на пазарот, официјално одобрен вински натпревар од Европската унија за организација и доделување награди.

ПР објава