Вирусот Ковид-19 како инспирација: Рисима Рисимкин прослави 30. годишен јубилеј

Со уникатен перформас на „Охридско лето“, кореографката Рисима Рисимкин прослави 30 години уметничко творештво, со претставата „Идентитети – историја на еден растегнат сон“,  сношти во предворјето на „Света Софија“.

Инспирација, како што раскажа по претставата ѝ биле изминативе месеци во кои се бориме против вирусот Ковид-19. Танчарите во уводниот дел беа со сосема покриени лица кои ги симболизираат маските што секојдневно ги носиме. Делот во кој една од танчарките играше со топка околу неа, ја претставува тежината на состојбата со која се соочуваме.


Рисима, инаку уметничка директорка на „Танц фест“ Скопје и основач на првата компанија за современ танц кај нас „Скопје танцов театар“ е кореограф и режисер на претставата која публиката според реакциите позитивно ја оцени. Во магичниот амбиент на дворот на „Света Софија“, и во убавиот јубилеј уживаа само 80 луѓе, со цел да се запазат протоколите за заштита.


Тони Китановски ја напиша музиката за претставата, сценографијата е на Матеа Мијановиќ, а костимите ги изработи Благој Мицковки.


М.Џаровска

Фото: Драган Перковски