ВИСТИНАТА ОД НАОПАКУ
Знаеш како некои луѓе се постојано зафатени, немаат време, во гужва се, фрки овОонО? Сите други се џаболебари во споредба со нив. Ма не те ни прашува што и како, не вредиш ти колку нив, Они се зафатени, не Тие, Они - за да звучи поУфрка ко да се. Истите тие се убедени дека имаат свое јА (значи јА, не јаС, за да прозвучи и тоа) и дека имаат и свое мислење и дека треба да го кажат. Не дека некој ги праша. Ама колку помалку ги прашуваш, толку повеќе имаат желба да ти кажат дека имаат свое мислење. И тоа со најсељачки можен речник и тон на глас. Тоа од јА-то доаѓа. Е тие! За нив зборувам. Клишеа, ко штанцани во фарбика. Ботови. Јас си ја одбирам вистината, но не таа нивната, не тој нивниот тон. Мојот тон, мојата вистина. Таа што ќе каже мислење и никого нема да навреди. Јас си го одбирам тоа ВРЕМЕТО ШТО ГО НЕМАМ да го подарам некому без да му кукам. Зошто да кукам кога можеме за истото време кое ни е потребно да го кажеме или напшеме кукањето, да си пишеме некој убав, смешен збор? Јас го бирам второво секогаш. Затоа им личам на сите ко да имам време на претек, ко да сум секогаш во најдобро издание, наспана, без подочници, никакви проблеми немам. Старите рекле: - Што ќе си посееш, тоа ќе си ожнееш. Убаво си знаеле. Само да ви преведам на нашки, во денешно време. Порано едно зрно ќе насееш, шест ќе ти роди. Исто како зборовите. Еден убав збор, повеќе убавини ќе ти врати, еден грд збор, повеќе грди ќе ти врати. За грди работи одбирај ги убавите зборови, поубаво ќе биде сè. Пази сега! Професионалци кО мене како го прават тоа: 1. Ја гледаш другарка ти се ишишала ко каца туршија на глава, ти се плаче, страх ме да те волим ти се мота низ глава. а. Аматерите ќе про*ерат: - леле какво сра*е ма! што ти е ова? одвратно! катастрофа! за ова пари даваше? б. Профи факман ко мене ќе подголтне и ќе ја најде убавината:- Опаа, нова фризура? Шо ти текна?
И додавам: - Немам јас храброст за вакво нешто. Ќе најдеш и нешто убаво: бојата на косата на пример, тоа ќе кажеш дека ти се допаѓа, погодена е или убаво ѝ стои. Ем си кажал вистина, ем никој не е навреден, ем сите среќни. Е тоа е профи! И така за сè. Ќе најдеш нешто убаво да кажеш, да не лажеш и да не навредиш некого. Да мислел дека е грдо не ќе го направел. На крајот на краиштата, тој треба да си е среќен, ти си неважен, исто и твоето мислење. Значи барај ги убавите работи. Тоа сеј, тоа ќе жнееш.И запамти си: - Никој нема вишок време. Но некој одлучил тоа малку време што го има да ти го подари тебе. Биди благодарен. Тоа време е дел од неговиот живот. Ти подарил дел од животот. Нема поскап подарок од тоа. Од тебе зависи како ќе го потрошиш тоа малку време. Колку и да е, малку е. Животот е краток. Утре ќе те нема, утре ќе ме нема, што ќе биде последното што ќе си го кажеме? Кажувај го секогаш убавото…крајот делото го краси.
За Женски Магазин, Огнените Ѕверови на Дамјана