Животна училница // Приказни
Вистината за Филип: Елена Ристеска за Женски магазин
- 26 Септември, 2019
Елена Ристеска за Женски магазин потврди дека е во врска со скопјанецот Филип Арсовски. Во телефонскиот разговор, поп-ѕвездата кусо ни рече дека е се' уште рано да раскажува повеќе за новата врска.
Од блиски пријатели на пејачката дознаваме дека таа и Филип се познаваат неколку месеци, биле во исто друштво, а врската ја започнале пред еден месец. Фотографиите кои Елена ги објави на Инстаграм во друштво во кое е и Филип, се од времето кога се уште биле пријатели.
По разводот во 2015 година, пејачката послабо зборува за приватниот живот. Нејзиниот сегашен партнер е сопственик на познат ресторан и има свој бренд за облека.
М.Џ.