Вистинска бомба: Трикратната шампионка во боди-билдинг Мери Акиевска на плажа покажа дека е подготвена за нов предизвик

Добивај вести на Viber

Во костим за капење изгледа како бомба, со тело кое го донесе до совршенство за потребите на боди-билдинг натпреварите кои ја очекуваат.

Мери Акиевска, единствената боди-билдинг девојката од Македонија на која и успеа да освои три златни медали на светски натпревари, деновиве ужива на море.

Она што го знаеме за оваа девојка е дека целосно е посветена на нејзината цел и навистина успева во тоа. Според нејзини фотографии и видеа објавени на Инстаграм, Мери може да ја најдете само во теретана, многу ретко во кафуле.

Многу нејзини соработници од светот на овој спорт, коментираат дека многу напредувала и направила одлична трансформација.

Во интервју за Женски магазин, зборуваше и токму за оваа совршена форма, при што истакна дека тренинзите се нејзино секојдневие и без пауза, исто така и исхраната кон која строго се придржува.

„Формата се работи преку цела година, но има период кога го темпирам времето до натпревар и работиме на дефинирање на телото, чистење на мастите, за да изгледа се како што треба да покажеме што имаме сработено и секој мускул да дојде до израз. Оброците секогаш се мерени до грам, се состојат од протеини, природни масти и јаглени хидрати“, раскажа трикратната светска шампионка во боди-билдинг.

Фото: Инстаграм
РЖМ

Предизвик ми се нови титули, но пред сѐ сакам да се остварам како мајка, да основам семејство и да ја пополнам празнината од моето минато: Интервју со Мери Акиeвска, трикратна шампионка во боди-билдинг