ВЛАДО ЈАНЕВСКИ: Го запоставив љубовниот живот

Добивај вести на Viber

По неколкугодишна пауза, поп-ѕвездата Владо Јаневски повторно прозборе за јавноста. Канатвторот имаше активно лето. Освен серијата настапи во домашните клубови, тој одржа успешен концерт во Античкиот театар во Охрид и го промовираше спотот за песната  “Главен град на тагата“. 

„Во овој период ретко излегувам, повеќе сакам да седам дома. Ако порано ме гледавте по сите кафулиња и локали, сега веќе не е така. Се повлеков, убаво ми е, и љубовниот живот сосема го запоставив. Немам девојка, не се вљубив, не се оженив и нема да се женам до крајот на животот. Јас не сум како Џорџ Клуни. Тој рече дека никогаш веќе нема да се жени, но не го одржа ветувањето. Јас ќе го одржам моето“, изјави Владо за Женски магазин.

„Можеби изминатиов период бевте лути на мене, си велевте: Што му е на овој намќор, но јас навистина немав што да кажам. Сега кога славам 25 години кариера, имам муабет со вас новинарите“, додаде рече Владо кој најави концерт оваа есенво Арената „Борис Трајковски“. 

Јаневски ги искоментира и неговите здравствени проблеми поради кои се одложи скопскиот концерт, кој требаше да се одржи во јуни, на Стадионот на АРМ. 

„ Имав некоја посилна настинка, а и времето тогаш не беше како што треба. Не сакав да се доразболувам, а и времето можеше да не изневери. Затоа се одложи тој концерт. Сега сум здрав, добар и спремен за нов во Скопје, најверојатно во ноември.“, ни изјави Владо. 

М.Џаровска