Внуката на Сашо Мијалков наполни годинка: Балони во пастелни бои и раскошно фустанче за славеничката

Добивај вести на Viber

Внуката на поранешниот шеф на Управата за безбедност и контразузнавање Сашо Мијалков и примабалерината Александра Мијалкова наполни годинка.

Гордите родители, постариот син на Мијалкови, Јордан и снаата Анастасија го прославија роденденот како што доликува за една мала принцеза. Девојчето носеше раскошно фустанче со украс на глава, а украсите беа нежни со безброј балони во пастелни бои и многу пеперутки.

Првите фотки од роденденот на Инстаграм ги сподели тетката на девојчето Александра, која е партнерка на актерот Атанас, со кој има две деца.

Инаку младите родители судбоносното „ДА“ го кажаа пред една година на мала семејна прослава.


Фото: Инстаграм 

Уживанција на јахта и гледање на најубавото зајдисонце: Анастасија и Јордан Мијалков на одмор од соништата