Се ожени синот на Сашо и Александра Мијалкови: Бремената невеста блесна во краток фустан, свекрвата елегантна во црно (ФОТО)
Вчера на големиот празник Павловден, постариот син на поранешениот директор на Управата за безбедност и контразузнавање Сашо Мијалков и примабалерината Александра Мијалкова стапи во брак со својата партнерка.
Имено Јордан Мијалков и Анастасија направија прекрасна свадбена веселба со своите најблиски роднини и пријатели.
Фотографии од свадбата имаше на профилот на свекрвата Александра Мијалкова, која остана верна на својот препознатлив стил и блесна во елегантен црн коктел фустан.
Таа ретко зборува за својот приватен живот, но претходно за магазинот „Бекстејџ“ откри дел од љубовната приказна со сопругот Сашо Мијалков, и кажа дека со синовите Јордан и Александар има пријателски однос и тие ја доживуваат како постара сестра, а и дека сака да биде свекрва со разбирање и млада баба.
Желбата ѝ се оствари, бидејќи како што можеме да забележиме на фотографиите преубавата невеста има трудничко стомаче.
Имено Анастасија е косопственик на концептуалната продавница „URMA“ која ја има заедно со својата сестра Александра, партнерка на актерот Атанас Атанасовски, со кој има две деца.
Двете убавици се познати под псевдонимот Бела, и двете изгледаа навистина преубаво за оваа свеченост.
Невестата која имаше бидермаер од бели божури, избра едноставна кратка венчаница која го истакна нејзиното трудничко стомаче. Јордан исто остана верен на класиката и избра црн смокинг со раскопчана бела кошула и мокасини.
Сестрата Александра избра специфична креација во црвена боја, а нејзиниот партнер Атанас сив „oversized“ костим.
Целата свадбена декорација беше во нежна бела боја и доминираа бели ружи.
Нека им е со среќа!
*Р.Ж.М.
*Фото: Инстаграм профил на @sandra_mijalkova/ @belogram / @stejsibella