Често ме изненадува, иако не изгледа така: Мијалкова за сопругот Сашо
Примабалерината Александра Мијалкова, сопругата на поранешниот шеф на УБК, Сашко Мијалков пред камерата на „Бекстејџ“ откри дел од љубовната приказна со својот сакан со кого е 25 години во брак.
- Ме освои со неговиот шарм и харизма што ја има, тоа беше многу одамна, излегувавме заедно, се дружевме со моите колешки балерини, одевме по дискотеки како сите млади- се присети Мијалкова.
За нејзе момент кој нема никогаш да го заборави од сопругот, а тогаш момче е на нејзината прва претстава.
- Бев млада, имав 18 години и за првпат тогаш добив главна улога, во претставата „Гилгамеш“ ја играв девојката. Интересно е што на крајот, кога се поклонувавме, а Сашо беше во Прага бидејќи таму студираше, добив еден голем букет и телеграма која беше од него и тоа беше прекрасно чувство- раскажува примабалерината Александра.
Додава дека сопругот често ја изненадува, иако тоа не личи на него, бидејќи таква му била професијата, а како што самата вели надворешниот лик не е тоа што кажува какви се луѓето.
Нивната свабда била многу весела свадба, со најблизок круг на пријатели, а она што ги одржува и после толку години во брак е флексибилноста.
- Разбирање и хармонија на која двајцата ќе работат за да биде успешен бракот- вели Мијалкова, која важи за жена со класичен стил на облекување.
Со синовите Јордан и Александар има пријателски однос и тие ја доживуваат како постара сестра, а вели и дека сака да биде свекрва со разбирање и млада баба.